Дуелот на два спортски ривали завршил без победник

Два суперспортски автомобили со по над 600 КС, празен паркинг, желба за покажување…,Што може да тргне наопаку? Епа може, ако возачите се „заиграат“, а немаат искуство. Во најблаг случај ќе завршат со материјална штета.

Судејќи по снимката, возачите на Audi и Mercedes, во исто време започнуваат со своето дрифт докажување, но не стигнуваат далеку. Доаѓа до силен меѓусебен судар поради кој и двата автомобили ќе мора да поминат низ скап сервис. Среќа во несреќа е што овие двајца очигледно невнимателни и неискусни возачи не се решиле да се докажуваат на јавни патишта. Последиците тогаш би можеле да бидат значително полоши…