По неколку неделни шпекулации, денеска стигна и официјална потврда во F1 календарот од следната сезона се враќа патеката Зандворт во Холандија

Од далечната 1985 година, Холандија немаше трка, а голема улога во враќањето на Formula 1 во Холандија се чини има Макс Верстапен со неговото возење за тимот на Red Bull.

Чејс Кери потврди дека трката во Холандија ќе се одржува најмалку три сезони и тоа месец мај.

„Многу сме задоволни од фактот дека следната сезона Formula 1 ќе се вози во Холандија на патеката Зандворт. Уште од моментот кога влеговме во спортот, ја нагласивме важноста да додадеме нови патеки во календарот на Formula 1, исто колку што е важно да ги зачуваме „корените“ на тркањето во Европа на патеките каде што досега се возело. Така следната сезона ќе имаме нови трки во Виетнам и во Холандија, што особено не радува поради тоа што трка овде немало 35 години. Знаеме дека трката ќе биде исклучително добро прифатена бидејќи тоа ќе биде домашна трка за младиот Макс Верстапен, кој ќе има огромна поддршка од трибините“, вели Кери.

<center><div style=”width: 100%; height: 0px; position: relative; padding-bottom: 56.250%;”><iframe src=”https://streamable.com/s/k4axj/bhtuvy” frameborder=”0″ width=”100%” height=”100%” allowfullscreen style=”width: 100%; height: 100%; position: absolute;”></iframe></div></center>