Германскиот Opel, кој од 2017 година e под капата на PSA, подготвува редизајн на последната генерација на популарниот компакт Astra

Opel Astra, пред се, ќе биде освежена естетски, во смисол на нови браници, крила и слични детали на каросеријата. Подобрувања се очекуваат и во ентериерот, а тоа значи подобри материјали и нова технологија, како и новости од областа на механиката, бидејќи сегашната Astra е лимитирана од платформата на General Motors.

Бидејќи би чинело премногу имплементацијата на агрегати од PSA, рестилизираната Astra и понатаму ќе располага со 1.0 3-цилиндерски и 1.4 4-цилиндерски бензинец и 1.6-литарски дизел, сите три во турбо верзија.

Лесно може да се случи, PSA да ја прошири понудата во рамките на самиот модел со верзија со високи перформанси односно GSi верзија, како што е Insignia GSi со 257 КС од 2.0-литарски мотор.

Значително поголеми промени на Astra се очекуваат со осмата генерација која на пазарот ќе се појави во 2022 година, а која за прв пат ќе добие PSA-технологија во форма на платформа, погонски агрегати, софтвер, безбедносни и технолошки системи. Новата Astra речиси сигурно ќе биде електрифицирана.

Loading...