Серхио Перез го напушта Racing Point на крајот од 2020 година!

Во официјалното соопштение на социјалните мрежи, Мексиканецот потврди дека 2020 година ќе биде неговата последна сезона во тимот од Силверстоун.

За неговото место во Racing Point или Aston Мartin од следната година, најверојатен кандидат е четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел, за кого уште од мај се знае дека го напушта Ferrari по завршувањето на тековната сезона.

„Сè во животот има почеток и крај. По седум години заедно, моето време со тимот ќе заврши на крајот од оваа сезона“, вели Серхио во изјавата. „Малку боли откако бев со тимот во тешки моменти. Успеавме да ги надминеме сите пречки и горд сум што ја зачував работата на многу колеги во тимот“. 

 

„Ги чувам сите одлични спомени, сите настани што ги поминавме заедно, пријателства, задоволства. Јас секогаш давав сè. Јас секогаш ќе бидам благодарен на Виџеј Мали што веруваше во мене во 2014 година и ми дозволи да ја продолжам кариерата во Formula 1 со тогаш Force India. На сегашното раководство, предводено од Лоренс Строл, му посакувам се најдобро во иднина, особено со новиот проект „Aston Martin“.

 

„Немам план Б. Сакам да останам во Formula 1, но зависи од тоа дали ќе најдам слободно место и проект што ќе ме мотивира да дадам 100 проценти од себе“.

 

„Сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваа во последните десет години. На моето семејство, кое секогаш ми даваше безрезервна поддршка. На моите спонзори, кои веруваа во мојот проект, на сите соработници, а особено на Бога, со чиј благослов ми беше дадена можност да ја искусам оваа авантура наречена Formula 1. “

 

„Се надевам дека наскоро ќе имам добри вести за вас. До тогаш, да уживаме заедно во преостанатите трки. Ве носам во моето срце“, заклучува Перез.