На пригодна свеченост во присуство на медиумите и пријатели на компанијата, Ми-Да Гранд Моторс како нов и единствен овластен импортер на возилата Hyundai Motor Company за Македонија свечено го  отвори новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар.

Со него компанијта Ми-Да Гранд Моторс и дефинитивно прераснува во сериозен автомобилски центар на македонскиот пазар со богата понуда на возила во еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Новиот Hyundai центар е сместен на улица „Босна и Херцеговина“ број 1, до салонот на Ford. Тука може да се набават најновите модели од палетата на брендот HYUNDAI, а воедно и единствениот овластен сервис за сите возила во гаранција, но и за сите останати HYUNDAI возила во Македонија.

Според генералниот директор на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, компанијата станува сериозен автомобилски центар каде може да се купат возила од брендовите FORD и HYUNDAI, како и да се набават користени возила од сите брендови што се продаваат под балканскиот бренд Аутото.

„Навистина сме горди што во нашиот автомобилски центар отсега ќе можеме да ги нудиме возилата од брендот HYUNDAI. Тоа зборува за сериозноста на Ми-Да Гранд Моторс да биде прва на балканскиот пазар и за нашиот сериозен пристап кон работењето со светски брендови. Ова ја покажува и нашата сериозност да понудиме квалитетен сервис за нашите клиенти, да понудиме врвна услуга и да создадеме задоволни клиенти. Ги повикуваме граѓаните да создадат ново искуство во автомобилскиот свет“, рече Заири пред присутните гости на денешното отворање на новиот продажно-сервисен HYUNDAI центар.

Од Ми-Да Гранд Моторс нагласуваат дека тие се единствениот овластен продавач и сервисер на брендот HYUNDAI на територијата на Р. Македонија.

Од новиот продажен центар ги повикуваат заинтересираните граѓани да се пријават за тест возења на HYUNDAI возилата.