Освежениот Jeep Cherokee за 2019 година официјално е претставен на автомобилскиот саем во Детроит

Неговиот дизајн дефинитивно е значително попривлечен споредбено со сегашниот модел.

Во Jeep одлучиле предниот дел на овој SUV модел, кој имаше по малку чудни фарови, да го заменат со нешто потрадиционален дизајн. Тука се новите фарови, слични на оние како кај моделот Jeep Compass. Гледано позади, исто така, видливи се некои промени, особено различниот дизајн на задните светла со LED линии и црниот браник, како и кровните носачи.

Jeep Cherokee сега ќе се продава со три различни агрегати. Влезниот е Tigershark, реден 4-цилиндерски мотор со капацитет од 2.4-литри кој произведува 180 КС. Новиот агрегат во понудата ќе биде 4-цилиндерски со турбо полнач и волумен од 2-литри од новата генерација на Wrangler, а кој произведува 270 коњски сили и 393 Nm вртежен момент. Предводник во моторната гама ќе биде Pentastar V6 со зафатнина на моторот од 3,2-литри кој произведува 271 КС.

Покрај тоа што има најдобар вртежен момент од наведените три единици, 2-литарскиот турбо има директно вбризгување на горивото, старт-стоп технологија и клипови направени од лесни материјали, па следствено е многу поекономичен.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1_s_iRfXcwFHtAD72DScwCUkfSBMXf5JS” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во понудата ќе место ќе најдат најмалку три конфигурации, а тоа се Latitude, Overland и Trailhawk. Првиот треба да биде најевтин и да чини околу 25.000 долари, додека другите две верзии ќе чинат околу 40.000 долари.