Официјално: ГН на Бахреин ќе се вози без публика
Организаторите на ГП трката во Бахреин одлучија овогодинешната трка да се одржи зад затворени врати заради стравување од проширување на епидемијата на коронавирус
ГН на Бахреин е закажана за 22 март, а организаторите наведуваат дека не би било во ред публиката да се пушти на трибините.
„Грижата за гледачите и навивачите е голема одговорност. Со оглед на тоа дека продолжува глобалното ширење на коронавирусот, сметаме дека би било лоша идеја да се дозволи присуство на голем број луѓе. Станува збор за луѓе кои патуваат и локални фанови кои би се нашле во близина. За да се осигуриме дека спортот нема да има негативно влијание врз спортот и глобално фановите, тркачкиот викенд ќе може да се види само на телевизија“, се вели во официјалното соопштение на организаторите.