Поп ѕвездата Елена Ристеска за време на осмомартовското „Женско рели 2020”  во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) кое се одржа изминатиот викенд во Скопје, пристигна како горд сопственик на 100% комплетно новиот спортски купе кросовер – NISSAN JUKE

Премиум брендот Nissan со својата понуда на иновативни и наградувани кросовери, а исто така и најпопуларни електрични возила го најавува пристигнувањето на  JUKE – купе кое започнува нова револуција – моделот подготвен уште еднаш да ги надмине своите перформанси на сегментот што и самиот ги создал. 

„Заљубена сум во возилата на Nissan, иако ми беа понудени повеќе опции, уникатноста на моделот беше пресудна изборот да падне токму на JUKE. Како лојален клиент на брендот со нетрпение очекував да пристигне новиот модел со кој ќе го заменам оној кој веќе го возам. Tокму затоа со задоволство прифатив да бидам дел од денешната Осмомартовската трка, со останатите жени учеснички кои присуствуваат на настанот“, вели Елена Ристеска.

„Покрај аеродинамичната каросерија и изглед кој воодушевува новиот JUKE ја поседува најсовремената технологија како: Nissan Intelligent Интеграција, Nissan Intelligent Mobility и ProPILOT технологија. Со напредна безбедност и асистирање при возењето, сигурни сме дека е идеален партнер за сите професионални и приватни патувања на Елена која е дел од нашето Nissan семејство и долгогодишен пријател на автомобилската куќа Аутомотив Груп“, вели Симона Николовска – лице за односи со јавност и маркетинг комуникација во Аутомотив Груп.

Моделот Nissan Juke е веќе изложен во ексклузивниот салон на премиум брендот Nissan, а повеќе детали за моделот може да најдете на следниот линк.