Она што се шпекулираше последниве денови, а како што тврдеше и BBC, доби и официјална потврда од Renault – Фернандо Алонсо ќе се врати во Formula 1 следната година како член на францускиот тим!

„Потпишувањето договор со Фернандо Алонсо е дел од планот на Renault да го продолжи натпреварувањето на највисоко ниво за да се врати на врвот. Неговото присуство во тимот е важно за нас, а воедно тој се враќа во тимот кој е многу важен за него. Тоа е природен избор со оглед на врските со тимот, луѓето во тимот и фановите. Тоа е цврст заеднички избор и проект за иднината. Неговото искуство и желбата да работиме ќе ни помогнат многу и ќе ни овозможи да дадеме се од себе. Заедно со Естебан Окон, тој ќе помогне да се подготви тимот за предизвиците што нè очекуваат во 2022 година “, изјави Сирил Абитебул.

Следеше изјава и од Фернандо Алонсо:

„Renault е моето семејство. Моите најдобри спомени во врска со Formula 1 се две титули со овој тим. Но, тоа е зад мене и јас гледам напред. Доаѓам во тимот што ми овозможи да бидам она што сум денес. Сега екипата ми дава шанса да се вратам во Formula 1. Моите амбиции и принципи се согласуваат со проектот на Renault за враќање на врвот. За целите на напредокот и развојот за сезоната 2022, ќе ги искористам моето знаење и искуство и ќе ги споделам со механичарите, инженерите и тимскиот колега. Тимот сака да се врати на подиумот, исто така и јас“, вели Фернандо Алонсо.