Познатиот шпански фудбалски клуб сега има и свое официјално возило – Cupra Formentor

Иако играчите на клубот од Барселона и претходно официјално користеа различни модели на автомобилските брендови кои ги спонзорираат, последните неколку години станува збор за Audi, ова е првпат еден автомобил да биде прогласен за официјален модел на овој фудбалски клуб.

Formentor е SUV модел со спортски перформанси произведен под-брендот на Seat со име Cupra. Ова е прв оригинален модел со логото на Cupra откако марката беше формирана пред нешто повеќе од две години.

Иако одреден број на возила ќе бидат дадени на клубот за употреба, тоа не значи и дека сите „ѕвезди“ на фудбалскиот тим од Барселона ќе бидат видени зад воланот на овој модел. Сепак, фудбалерите претпочитаат да уживаат во сопствените супер спортски модели.

За оние ќе изразат желба да возат Cupra Formentor како службен автомобил, Cupra нуди специјална персонализација во својата фабрика.

За потсетување, Cupra Formentor е придвижуван од потентен 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо-бензински мотор со 310 КС (228 kW), а на располагање е и plug-in-хибридна верзија, напојувана од 1.4-литарски бензински мотор со 150 КС (110 kW) и електромотор со 116 КС (85 kW). Вкупната комбинирана моќност на хибридот е 245 КС (180 KW).