Градот Мајами го одобри предлогот да биде домаќин на улична трка од Formula 1 шампионатот којa може да дебитира веќе следната сезона

Градскиte советници со едногласнa одлука дале потврда за влез во преговори со Formula 1, која така дополнително ќе се прошири во САД, по трката за Големата награда на САД во Остин (Тексас).

Планот е трката да се одржува во пристанишниот дел од Мајами, а болидите ќе ја обиколат арената на НБА тимот на Мајами, потоа Biscayne Boulevard, покрај Beyfront Park, а ќе преоѓаат и преку вода на Port Bridge, кој ќе биде еден од заштитните знаци.

Сепак, актуелниот шампион Луис Хамилтон ја критикуваше Formula 1 бидејќи не се консултирала со возачите за планот на патеката.

„Ниеден возач во историјата не учествувал во дизајн на патека. Јас не го разбирам тоа. Ние не сме дизајнери, но не не прашале ниту за мислење, совет. Мајами е супер кул место, јас сум возбуден за тоа, но кога ќе видам ваков план, не сум воодушевен. Мислам дека може да биде многу позабавно“, рече Хамилтон.

Се шпекулира дека Мајами и F1 ќе потпишат десетгодишен договор, а првата трка е планирана за октомври 2019 година.

Пристигнување во F1 во Мајами е уште една голема спортска вест за овој град, откако на почетокот од годината, Дејвид Бекам доби дозвола да основа фудбалски клуб кој ќе учествува во MLS лигата.