Alfa Romeo најавува нов голем SUV, Giulia Coupe и хибридни мотори!

0

Италијанскиот Alfa Romeo во јуни, на посебен настан на FCA групата, ќе ги објави плановите за нов голем SUV модел, како и возила со високи перформанси со хибриден мотор

Италијанскиот производител на автомобили, тогаш би требало да го најави и моделот Giulia Coupe, кој ќе се продава во верзии со три и пет врати, а под хаубата ќе се најде нов перформантен погонски систем со систем за обновување на енергијата, пишува магазинот Autocar.

Новитете ERS хибридни погонски склопови ќе го претстават развојот на HY-KERS технологијата применета во моделот Ferrari LaFerrari, а компанијата тврди дека новиот систем ќе биде поефикасен од системот кој се користи во Formula 1.

Како што се нaведува, Alfa Romeo работи на развивање на два различни хибридни погони. Првиот е базиран на 2-литарскиот агрегат со турбо полнач од Giulia кој развива 276 коњски сили, а другиот на V6 агрегатот со работен волумен од 2,9 литри кој ги придвижува Quadrifoglio верзиите на Giulia и Stelvio. Излезната моќност на хибридниот мотор базиран на 2-литарскиот мотор се очекува да биде околу 345 коњски сили, додека V6 со помош на електрични мотори ќе развива околу 641 коњски сили.

Што се однесува до големиот SUV модел, претставниците на Alfa Romeo веруваат дека тој ќе им помогне да ги зајакнат позициите на својот бренд на клучните пазари, како што е оној во САД. Новиот SUV модел на италијанскиот производител треба да има поголеми димензии од моделот на Stelvio, но ќе биде базиран на истата платформа.

Се очекува да биде на располагање и со „благ“ хибриден погонски систем кој вклучува батерија од 48 волти, со што би бил поперформантен, но во исто време и поекономичен и „позелен“ модел од Stelvio.

Официјалната најава за овие модели треба да се случи на 1 јуни, на посебен настан организиран од страна на група FCA, при што се очекува и нов петгодишен план за сите брендови во групацијата, вклучувајќи ги Jeep, Chrysler, Dodge, Ram, Fiat, Maserati и Abarth.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »