Иако интернет промоцијата се одржа уште пред два месеца, BMW ги избра САД и срцето на автомобилската индустрија во Детроит за прва изложбена премиера на моделот

Моделот X2 пристигнува како шести SUV модел на BMW на американскиот пазар. Малиот X2 својот дизајнерски стил го презема од поголемите браќа, моделите X4 и X6. Иако визуелно наликува на споменатите модели, Х2 се базира на моделот Х1, од кој е понизок за 8 сантиметри.

Во внатрешноста нема големи изненадувања. BMW X2 изгледа како типичен BMW модел, со доминантен квалитет на производство, многу меки материјали и, се разбира, дигитализација. Покрај централната конзола е поставен екран на допир за контрола на инфо-забавниот систем со дијагонала од 6,5 инчи, а опционално оваа димензија може да се зголеми на 8,8 инчи. Данокот за спортската купе линија е платен со помалиот багажен простор кој има капацитет од 470 литри, што е 35 литри помалку отколку во X1.

Базниот агрегат ќе биде 2-литарски бензинец под името sDrive20i од 187 КС, а аналог му е дизел агрегат кој произведува ист број на коњски сили и 400 Nm вртежен момент од истиот работен волумен. BMW очекува дека токму овој дизел мотор ќе има голем удел во вкупната продажба. Најмоќната погонска единица ќе биде 2.0-литарски бензинец со 228 коњски сили и 349 Nm вртежен момент, со која до 100 km/h забрзувањето трае 6,7 секунди, додека максималната брзина е 235 km/h. Во BMW размислува за поголем избот во гамата на мотори за моделот, но се уште не е познато кој агрегати ќе бидат достапни за купувачите.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1JrWIvQSrFUbrHPbqF3mqDzwfLXagu2wK” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на BMW X2 во САД започнува на пролет со почетна цена од 38.400 долари. Европската премиера најверојатно ќе се одржи на Салонот за автомобили во Женева во месец март.