Официјално: BMW Z4 Roadster! / ФОТО
По бројните тизери и шпионски слики, BMW официјално го претстави својот сосема нов Z4
На сликите е прикажан модел кој ќе носи ознака M40i First Edition, а кој верно го следи дизајнерскиот концепт кој беше претставен минатата година. Она што најмногу се истакнува е широката маска на ладилникот, поголемите отвори за воздух, атрактивниот дизајн на предните светла и изразената хауба.
Како се оди кон задниот дел од автомобилот се гледа големото ветробранско стакло и една од најголемите промени во споредба со претходната генерација, мекиот покрив. Имено, претходната генерација на овој модел имаше склоплив тврд покрив.
Во задниот дел на автомобилот се издвојува спортскиот браник сместен над двете издувни цевки, а тука се и новите, тенки, светлосни единици, како и спојлерот монтиран на багажникот.
BMW не објави многу информации за ентериерот, но од фотографиите воочлива е дигиталната табла и новиот волан. Тука се и новиот iDrive инфо-забавен систем и педалите изработени од нерѓосувачки челик.
За клиентите, Z4 M40i First Edition ќе биде достапен со голем број на опции, меѓу кои е Frozen Orange металик боја во кој беше обоен минатогодишниот концепт, кој привлече многу внимание. Тука се и црниот, мек покрив, црните капаци на ретровизорите, како и адаптивните LED фарови и 19-инчните алуминиумски фелни во две бои.
Ова специјално издание, во салонот ќе има и црни седишта Vernasca, амбиентално осветлување и звучен систем Harman Kardon. Во опремата влегува и head-up екран.
Досега BMW објави многу малку информации за спецификациите, но потврди дека M40i ќе има 6-цилиндерски агрегат од три литри кој развива 335 КС (250 kW), а кој на новиот Roadster модел ќе му овозможи забрзување до 96 km/h за 4,4 секунди.
Специјалното издание е опремено и со М систем за сопирање M и спортска суспензија со електронски контролиран амортизери. Моделот има идеална распределба на тежината од 50:50, како и M Sport заден диференцијал.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Новиот Z4 во продажба влегува следната пролет, а дополнителни информации за овој модел на баварскиот производител на автомобили ќе бидат објавени на 19 септември.