Со оваа Одлука е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,75%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 30.09.2019 година

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалени за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е зголемена за 0,621 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,779 ден/кг.