Два автомобила на романската Dacia се меѓу најпродаваните во Европа

Според резултатите на JATO Dynamics, Dacia продала 19.451 единици од SUV сегментот, само во август, а 17.764 од моделот Sandero

Со овие резултати Dacia Duster e втор најпродаван модел во Европа, веднаш зад несоборливиот Volkswagen Golf, додека Sandero е на четвртото место зад VW T-Roc.

Додека продажбата на нови автомобили во Европа забележа пад од скоро 9% во август, Dacia исто време има зголемување на продажбата.

Loading...