Ова е новото Ferrari SP38, најновиот проект од одделот за специјални проекти од Маранело

Поставен на основата на 488 GTB, ова уникатно Ferrari ќе биде предадено на среќниот сопственик на 26-ти мај во познатата Villa d’Este на езерото Комо.

Ferrari SP38 изгледа сосема различно од 488, па дури надворешниот дизајн на овој суперавтомобил е толку радикален што повеќе личи на концепт отколку на возило подготвено да излезе на пат.

Фотографии од ентериерот нема, ниту детали за погонот, па затоа се е во домен на шпекулација или очекување да биде ист како и кај 488 GTB, а тоа е 3.9-литарски twin-turbo V8 со 661 КС.

Се разбира, не е исклучено SP38 да добил унапредена единица како во моделот Pista со 710 КС.

Loading...