Ново тизер видео пред промоцијата на Toyota Supra / ВИДЕО
Во описот на снимката, Toyota истакнува дека звукот од моторот на новата Supra е „фатен“ како одекнува на патека на врвот од планината Фуџи
Веќе се познати многу детали за новата Supra, која беше развиена во соработка со BMW паралелно со баварскиот спортски адут Z4. Toyota Supra под хаубата ќе има модифициран 3.0-литарски реден 6-цилиндерски агрегат, но исто така ќе има и „поблага“ верзија со 2.0-литарски 4-цилиндерски мотор.
Од Toyota, исто така, најавуваaт уште поперформантна верзија на Supra, како и кабриолет варијанта.
https://youtu.be/2UzQmL4PveQ