„Новиот“ звук на F1 моторите / ВИДЕО
Последниве години еден од најкритикуваните аспекти на Formula 1 трките покрај недостатокот на конкуренција и за многумина визуелно непривлечните болиди, е недостатокот на бучава и здодевниот звук на V6 хибридните агрегати
Произведениот звук не создава, како што се милува да се каже, „пеперутки во стомакот“, како што тоа го правеа старите V12, V10 и V8 мотори.
Токму поради тоа, Mercedes решил тоа да го поправи со новиот мотор и издувен систем. Разликата е минимална, но подобро нешто отколку ништо, нели.
За споредба, слушнете го 3.0-литарскиот Ferrari V12 F1 мотор, како и Chevi „small block“ V8… Дополнителен коментар е непотребен.