Volkswagen во Пекинг ја претстави новата генерација на својот голем SUV Touareg, со повеќе простор и хибридна верзија

Ова е третата генерација на моделoт кој за прв пат беше лансиран во 2002 година. Во меѓувреме, од Touareg се продадени повеќе од милион примероци, па затоа и од новата генерација се очекува да биде меѓу лидерите во сегментот.

SUV предводникот во гамата на VW е долг 4.878 милиметри (77 mm подолг од сегашниот модел), широк 1.984 милиметри (44 mm поширок од сегашниот) и 1.702 милиметри висок (7 mm понизок). Капацитетот на багажниот простор е исто така зголемен (од 697 на 810 литри). Новата платформа и каросеријата, како и употребата на лесни материјали довеле до тоа новата генерација на Touareg да биде 106 kg полесна од сеуште актуелната.

Внатрешноста е унапредена со нов дигитален контролен панел наречен Innovision Cockpit, па наместо традиционалната табла сега пред возачот се наоѓа 12-инчен екран на кој се видливи сите корисни информации, додека десно од него се наоѓа другиот 15-инчен екран од мултимедијалниот систем на возилото.

Touareg ќе биде достапен во неколку различни визуелни линии, како Atmosphere и Elegance, како и добро познатиот R-Line, а понудата на алуминиумски фелни се движи од 18-21 инчи.

Новиот VW Touareg добил поостар, поспортски дизајн и на тој начин се оддалечува од off-road карактерот на своите претходници. И покрај тоа што се базира на иста платформа како Porsche Cayenne, MLB, компанијата тврди дека единствениот дел што новиот Touareg го дели со Cayenne е ветробранското стакло.

Шасијата поседува активен ролбар за подобар квалитет на возење и динамика на патот, а тука е и воздушната суспензија. Погонот на сите тркала доаѓа со диференцијал кој може да се заклучи и пет стандардни режими на возење, а како опција достапен е off-road пакет на опрема со дополнителни четири режими на возење. Погонот на задните тркала е стандарден.

Гамата на погонски агрегати се состои од бензински и дизел мотори, а подоцна ќе биде достапен и plug-in хибриден погон. Секоја погонска единица ќе биде поврзана со осум-брзински автоматски менувач.

Засега единствениот бензински мотор кој е достапен е V6 со волумен од три литри, кој развива 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Дизел агрегатите се три-литарски V6 во верзии од 228 и 282 коњски сили, а подоцна ќе биде достапен и 4-литарски V8 кој ќе развива 471 коњски сили и 875 Nm вртежен момент.

Plug-in хибридниот мотор ќе развива 362 коњски сили и со едно полнење само на електрична енергија ќе може да се поминат до 58 километри.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ur28UFn6Y9AhZeQQnzvDToNJZXrOcQeX” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Touareg ќе има и одредено ниво на автономно возење, односно возилото со помош на системи и камери самостојно ќе може да го контролира сопирањето и забрзувањето до 60 km/h. Секако тука се уште еден куп системи за асистенција меѓу кои и Night Vision кој детектира луѓе и животни во темница со помош на термална камера.

Почетната цена се очекува да изнесува околу 57.000 евра, нешто помалку од почетната цена за Audi Q7.