Новиот Range Rover Evoque е бејби Velar во кратка сукња / ФОТО + ВИДЕО
Две години по првите шпионски фотографии, Range Rover ја претстави новата генерација на својот премиум SUV модел Evoque
Новиот Evoque ги има истите димензии како и моделот кој заминува, но благодарение на новата Land Rover Premium Transvers архитектура со мешавина на метали, има повеќе простор за патниците и околу 6% повеќе во багажниот простор. Гепекот на Range Rover Evoque располага со 591 литри кои може да се зголемат до максимум 1.343 литри со спуштени задни седишта.
Како надворешно така и во внатрешноста, Evoque наликува на поголемиот брат, моделот Velar, а во внатрешноста тоа се акцентира со двојниот дисплеј на централната конзола, кој е опционален. Тука се и целосно новата дигитална контролна табла, седиштата со 16 насоки за прилагодување и јонизаторот на кабината.
Каросеријата на британскиот SUV е 13% покрута со намалена бучава и вибрации, а во конструкцијата се употребени 33 килограми природни и рециклирани материјали. Благодарејќи на новата платформа, поддржана е електрификација, па така ова ќе биде првиот хибриден и електричен Evoque во историјата. Се состои од 4-цилиндерски мотор и 48-волтен систем со 300 КС, а хибридниот систем ја складира енергијата што се губи при забавување. Моторот се гаси при брзини под 17 km/h кога возачот користи сопирачки, а во случај на ново забрзување, се користи претходно складираната енергија како помош за моторот.
Што се однесува до традиционалниот погон, новиот Evoque нуди стандардни 2.0-литарски дизел и бензински турбо-агрегати.
Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 КС, а бензинците со 240 и 300 КС спарено со 9-брзински ZF автоматски менувач.
Во стандардниот пакет за опрема се погонот на сите четири тркала и системот Land Rover Terrain Response кој нуди шест опции за возење – General, Eco, Sand, Gras-Gravel-Snow, Mud-Ruts и Auto. Последниот му препушта на автомобилот самостојно да избере најсоодветна форма и да ја прилагоди суспензијата и електрониката врз основа на условите на патот.
Новиот Evoque има клиренс од 212 милиметри и може да помине низ вода со длабочината до 600 mm (100 mm повеќе од претходната генерација).
Новите технички детали Land Rover ќе ги открие за време на Салонот за автомобили во Чикаго во февруари 2019 година, кога ќе го најави и почетокот на испорака на моделот како и цената.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1SMtfqy1yBQHKLoJIoYWGqxvOO2RdRHcZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Почетната цена во Велика Британија изнесува 35.600 евра.