Новиот Peugeot 308 во споредба со Volkswagen Golf / ФОТО+ВИДЕО
Третата генерација на францускиот компакт беше претставена минатата недела, за веќе оваа недела на интернет да се појават и првите споредби со главниот конкурент
Сосема нормално споредбата е со лидерот во сегментот односно Volkswagen Golf и неговата осма генерација.
Новиот Peugeot 308 е скоро осум сантиметри подолг од Golf. LED матричните светла со карактеристичните „песјаци“ изгледаат одлично. Атрактивно изгледа и големата решетка со црна и хромирана завршница. Секако, без оглед дали ви се допаѓа изгледот што е прашање на индивидуални критериуми, сепак, вреди да се обрне внимание на димензиите.
308 наспроти Golf – споредба на ентериерот
Внатрешноста на францускиот автомобил е навистина интересна. Првото нешто што се издвојува е малиот волан со новиот беџ. Треба да се напомене дека на него се инсталирани нови копчиња. Од друга страна, тука е и 10-инчниот екран со нови теми.
На централната конзола има екран осетлив на допир со иста дијагонала. Интегриран е со панелот за климатизација. Покрај тоа, инструментот реагира брзо на допир. Треба да се додаде дека има и класични копчиња за контрола на јачината на звукот, што го олеснува ракувањето.
Што е со просторот?
Во споредба со неговиот претходник, новиот 308 има пониски седишта – пет сантиметри, што го зголемува просторот за главата (и покрај спуштањето на покривот. Покрај тоа, патниците од вториот ред можат да сметаат на три дополнителни сантиметри за нозете (благодарение на меѓуоскиното растојание). Golf има малку повеќе простор одзади, што ја зголемува удобноста при возење.
Багажен простор?
308 – 412 литри, Golf – 380 литри.
308 vs Golf – моторна гама
Новиот Peugeot 308 ќе биде достапен со три типа на погон – бензин, дизел и хибрид. Првичната понуда ќе вклучува пет варијанти на моторот:
- 1.2 PureTech 110 КС
- 1.2 PureTech 130 КС
- 1.5 BlueHDi 130 КС
- Hybrid 180 КС
- Hybrid 225 КС
Од друга страна, гамата на мотори на германскиот конкурент е многу поширока. На списокот има дури дванаесет мотори:
- 1.0 TSI 90 КС
- 1.0 TSI 110 КС
- 1.5 TSI EVO 130 КС
- 1.5 TSI EVO 150 КС
- 2.0 TSI 245 КС
- 2.0 TSI 320 КС
- 1.0 eTSI mHEV 110 КС
- 1.5 eTSI EVO mHEV 150 КС
- 1.4 TSI еHybrid 245 КС
- 2.0 TDI 115 КС
- 2.0 TDI 150 КС
- 2.0 TDI 200 КС
Volkswagen Golf е достапен со бензински и дизел мотори, како и хибридни системи – „благи“ и plug-in хибриди. Сепак, можно е францускиот конкурент со текот на времето да добие и нови конфигурации. Можеби ќе има и спортска верзија меѓу нив.
308 или Golf?
Тоа секако зависи од Вас, вашите желби, можности, искуство…