Гамата на Kia Motors Macedonia е збогатена со уште една верзија на новиот Kia Ceed

Во салоните на Kia Motors низ Македонија, од денес може да ја побарате Black Pack едицијата на Ceed. Овој модел од понудата е комбиниран со најновиот 1.0 T-GDi  турбо мотор со моќност од 120 коњски сили.

Всушност ова е надградена верзија на LX Vision нивото на опрема со Black Pack додатоци во надворешниот изглед кој ја проширува гамата на Ceed семејството со уште еден уникатен модел. Нивото на опрема во LX Vision е надополнето во надворешниот изглед, а во себе покрај стандардната опрема ги вклучува капачињата за ретровизори во црна мат боја и 16“ тркала од лесна легура Anyang со црна завршница и пневматици 205/55.

Отсега, Ceed станува забавен автомобил, кој е секогаш во водство во својот сегмент. Вака спакуваната опрема во комбинација со турбо моторот, создава автомобил посакуван од сите генерации.

Моделот е достапен во продажните салони на Kia Motors Macedonia и можете да закажете тест возење во секое време.