Најтесниот автомобил е широк само 99 сантиметри

Гинисовата книга на рекорди постои од 1954 година. Во оваа прилика ви претставуваме пет од најнеобичните автомобили кои нашле место во неа.

Најдолгиот автомобил во светот

Најдолгиот автомобил во светот е направен во 1991 година и наменет е за филм. Лимузината има должина од 30 метри, има 12 оски со 26 тркала и два мотори од Cadillac. Возилото од 10 тони, покрај останатото, може да се пофали и со базен чија вода се грее.

Најтесниот автомобил

Американската компанија Commuter Cars во книгата на рекорди е претставена со најтесниот автомобил во светот. Иако неговата ширина е само 99 cm, а должината е 257 cm, во него може да се сместат и возач и патник. Погонот е доверен на два електрични мотори, по еден за секое тркало.

Најмалиот автомобил

Peel P50 е најмалиот автомобил во светот. Всушност, станува збор за трицикл кој може да ги прими возачот и неговата торба. Погонскиот агрегат со моќност од 4.2 КС работи во комбинација со 3-брзински мануелен менувач кој нема функција за рикверц. Со тежина од 59 килограми тоа и не е проблем бидејќи автомобилот лесно може да се поместува.

„Најжедниот автомобил“

Оваа титула jа држи Bentley Meteor, кој троши 117 литри бензин, 64 литри вода за ладење, 57 литри моторно масло и 16 литри масло за пренос на 100 километри. Причината за оваа неверојатна цена е 27-литарскиот V12 мотор на Spitfire.

Најскапиот автомобил

Легендарниот 250 GTO од 1963 година, победник на Тур де Франс, е запишан  како најскап автомобил во Гинисовата книга на рекорди. Спортскиот автомобил е продаден на аукција за цена од 70 милиони долари во 2018 година.