Кога зборуваме за hot-hatch модели, Golf GTI е веројатно репер за споредба на останатите

Спортската верзија на Golf редовно добива нови предизвикувачи, а најновиот во таа серија доаѓа од Јужна Кореја.

Несомнено Hyundai i30 N Performance е одлично завршена работа, но дали е достоен ривал на најпознатиот GTI?

Ова се одлучиле да го проверат од изданието SportAuto. На тркачка патека предизвикувач на Golf GTI TCR со 290 КС е i30 N Performance со 275 КС.

Според фабричките податоци, GTI TCR до 100 km/h забрзува за 5,6 секунди, а i30 N Performance за 6,1 секунди. Максималната брзина на двата автомобила е 250 km/h, а двете возила имаат помалку од 1.500 килограми во тежина.