Во ноември 2018 година, главниот оперативен директор за EMEA регионот, Пјетро Горлије, најави дека Fiat Chrysler Automobiles ќе отпочне „тренинг програма за обука на вработените, фокусирана на хибридни и електрични технологии“

Планот вклучува електрификација на секој бренд во рамките на групата, вклучувајќи го Fiat, кој ќе го лансира наследникот на комерцијално не толку успешниот 500e.

Од гледна точка на цената, Nissan Leaf е супериорен во однос на малиот Fiat, па затоа е малку изненадувачки што следната генерација ќе биде чисто електрична, според шефот за маркетинг во компанијата, Оливие Френсо.

Тој истакнува два збора: „Чисто електричен“. Значи, Fiat цели на урбан електромобил со атрактивен италијански стил, во целосна спротивност со концептот Centoventi претставен неодамна во Женева.

„Премиум е она на што се стремиме со електричната 500-ка“, заклучува Франсоа, кој потврдува дека новитетот ќе остане на електрична архитектура која е во фаза на развој. И покрај оваа клучна промена, големината и пропорциите ќе останат верни на Cinquecentо.

Што се однесува до ценовната политика, Франсоа не дава детални информации, ниту пак споменува можен Abarth модел. Новитетот се очекува во Женева следната година, а во продажбата ќе се најде во 2021 година.

Врз основа на она што PSA го направи со Peugeot 208, градскиот електричен автомобил на Fiat со големина како моделот 500, не би требало да има капацитет поголем од 50 kWh. Во случајот со е-208, автономијата според WLTP е 340 километри, додека литиум-јонската батерија покрива осум години или 160.000 поминати километри.