Од Greyp Bikesa истакнуваат дека Greyp G6 е сосема ново корисничко искуство

По долги четири години, многу работа и непреспиени ноќи, Мате Римац и екипата на Greyp Bikesa го претставија новиот Greyp електричен велосипед.

Како што е кажано на презентацијата, Greyp G6 е сосема различен од другите. Таа е уникатна комбинација на велосипед и дигитални компоненти во која акцентот се префрла од „моќ и брзина” на „ум и поврзаност“.

Цена? Ситница. Според Римац, пониска од претходната верзија.

Сите заинтересирани можат да изберат помеѓу 3 верзии на Greyp G6. Најслабата G6.1 по цена од 6.499 евра, средната G6.2 по цена од 6.999 евра и најмоќната G6.3 по цена од 7.499 евра.

Велосипедите веќе е можно да се резервираат преку веб страната на Greyp Bikesa, а наскоро ќе може да се видат и на патиштата.

Развојот на новата линија на електрични велосипеди започнал со идејата да не се креира уште еден во низата на електрични велосипеди, туку да се искористат предностите на електрификацијата, поврзаноста… и со додавање на исклучителна креативност да се создаде уникатен производ.

Пред се, G6 е развиен околу погонот, на него има еден куп на сензори и камери, постојано е поврзан со интернет, а може и да разменува податоци преку мобилна апликација направена специјално за него.

Паметен телефон и паметен велосипед

Паметен телефон е главниот кориснички интерфејс на новиот G6.

Врз основа на информациите добиени од серијата вградени сензори, овој „интелигентен велосипед“ директно учествува во донесувањето на одлуки кои влијаат на однесувањето на велосипедот, а со тоа и на самиот погон, а во некои случаи и сам може да донесе одлука.

На пример, врз основа на пулсот на возачот; G6 го прилагодува нивото на моторна помош, а G-сензорот детектира опасни ситуации и ја иницира постапката за испраќање повик за помош. Голем број на податоци кои се следат и снимаат, како што е прикажување на потрошената енергија на возачот, но исто така и потрошувачката на електрична енергија, обезбедуваат увид во состојбата на велосипедот и корисничките навики на велосипедот, со цел да се подобри корисничкото искуство и уште подобро доживување.

Асистенција на моторот додека се вртат педалите

Кај G6, за разлика од неговиот претходник, возачот додека врти со педалите има асистенција од електричниот мотор, но веднаш штом штом ќе застане да ги врти, престанува и помошта на моторот.

Во споредба со претходниот G12S, G6 е многу полесен, поелегантен и побрз. Тежи помалку од 25 килограми, а рамката е изработена од композитен армиран карбон-фибер, ендуро геометрија на гуми од 27,5 +, со суспензија од 150 mm направена од RockShox компоненти.

Иновативната eSIM технологија – гаранција за поврзаност

Користењето на паметниот телефон за управување со велосипедот дава цела низа нови функции. Ваквото поврзување овозможува да испраќате компанди до велосипедот или „фаќање“ на слики од интегрираните велосипедски камери дури и кога велосипедот и корисникот не се на иста локација. Камерите со функција за непрекинато снимање ја доловуваат секоја ситуација, а видеото и фотографиите може да се споделат во реално време на социјалните мрежи.

Благодарение на технологијата eSIM, на сопствениците им се отвораат нови можности за користење на велосипедот и искуства во возењето, овозможувајќи дури и далечинска контрола на одредени функции на велосипедот, како и следење.

Батеријата и интегрираниот систем батерии BMS (Battery Management System), развиен и произведен во Greyp, е еден од најкомпактните на пазарот, а има капацитет од 700 Wh, поради што е еден од најголемите во индустријата.