Обожавателите на најпознатите SF филмови и серии веднаш ќе ја препознаат сличноста

Mercedes EQS моментално е најдоброто што Mercedes и традиционалната автомобилска индустрија можат да го понудат во сегментот на електрични возила. EQS е уште еден доказ за супериорноста на електричниот погон во однос на класичните мотори со фосилни горива во сe освен во една работа.

Но, тука повторно стапуваат во игра модерните технологии и имагинацијата. Имено, Mercedes на EQS му понудил два можни звучни погони кои се генерираат преку престижниот Hi-fi аудио систем Burmester. Еден од нив е Vivid Flux, а можете да го доживеете во видеото подолу.

За некои, овој звук потсетува на звукот на еден „тркач“ од серијалот Star Wars, поточно Episode 1 или Phantom Menace. Токму тоа го сугерира и еден корисник на Reddit, MattTheBrofessor, кој нагласува дека пулсирачкиот звук многу потсетува на Star Wars.

Mercedes го опишува звукот малку поинаку, нарекувајќи го „кристален, синтетички, но и човечки топол“ звук кој буди емоции и инспирира. Она што го прави интересно е фактот што звучната сцена во Mercedes е интерактивна и не зависи само од брзината и интензитетот на притисокот на педалата за гас. Наводно следи голем број други параметри и постојано се прилагодува. Исто така, не е исто дали возачот избрал Sport режим или некој друг.

Корисникот на новиот EQS може да избере и звук Silver Waves, а неодамна е понудена и трета тема Roaring Pulse, која станува достапна по ажурирањето на софтверот.

Како потсетување, шефот за звук на Mercedes, Др. Томас Куперс уште во март објави дека размислува да го имплементира звукот на V8 моторот на AMG. Сепак, V8 моторот без менување брзини нема премногу смисла бидејќи би звучело чудно, заклучиле во Mercedes. 

„Динамиката на возење на електричното возило е премногу различна од она со мотор со внатрешно согорување: ги пропуштате фазите на менување брзини“, објаснува Куперс, додавајќи дека корисниците на електрични возила бараат ново искуство во возењето.