Дали некогаш сте се запрашале како функционира Formula 1 болид?

Како што веројатно знаете, од 2014 година, Formula 1 користи хибридна технологија – по еден мотор со внатрешно согорување и еден електричен мотор.

Значи, станува збор за 1.6-литарски агрегат со турбо компресор кој во комбинација со електромоторот има многу висок вртежен момент од дури 12.000 вртежи во минута.

Аеродинамиката е исто така важен дел, затоа е специјално дизајнирано предното крило, односно оние мали канали на предното крило, а внимание се посветува и на задното крило, особено поради DRS системот, односно системот за отпор на воздух каде што автомобилите добиваат дополнителна брзина на правец.

Сето ова е објаснето во приложеното видео со дополнувања за изгледот на шасијата, материјалите, системите за амортизација, воланот, системот за сопирање, ладењето …

Уживајте.