Land Rover е при крај со тестирањата на новата генерација на Defender, a нема подобра околина за заокружување на тестовите за способност од пустината

Тест-моделите имаат поминато повеќе од 1,2 милиони километри на различни подлоги во различни климатски услови низ целиот свет, а еден месец пред светската премиера Defender доминира на песочните дини околу Дубаи.

„Песочните дини околу Дубаи дефинитивно потврдија дека успеавме да го изградиме досега најспособниот Land Rover“, вели директорот на инженерскиот оддел на Jaguar Land Rover, Ник Роџерс.

Land Rover новиот Defender ќе го претстави на Саемот за автомобили во Франкфурт кој започнува на 10 септември.