Возачите честопати при возење во текот на летото знаат и премногу да се опуштат, особено кога се на одмор, што може да биде фатално

За жал, на ова укажуваат честите трагични сообраќајни несреќи, а бројните грешки можат да направат и огромен финансиски трошок.

Екипата на хрватскиот портал „Автомобили“ направила список на грешки кои возачите најчесто ги прават во текот на летото.

  1. Погрешно гориво во возилото;
  2. Возењето на резерва може да биде проблем поради што често се случува возилото да остане без гориво затоа што во текот на летните месеци, патниот компјутер може погрешно да го пресмета преостанато гориво во возилото;
  3. Капење со клучевите, губење на клучевите во море или заклучување на клучевите во возилото;
  4. Прегревање на квачилото во долги колони на нагорнини, сопирање со квачилото наместо со паркирната или ножната сопирачка, влечењето на приклучно возило или авто-приколка може целосно да го уништат квачилото;
  5. Може да се случи возачот да не знае каква помош на патот има, ниту нејзиниот телефонски број, па затоа често бараат помош на погрешен телефонски број.
  6. Лоша подготовка на приклучното возило кое честопати е преоптоварено, со стари и лоши гуми кои лесно пукаат. Чести се и проблемите со осовините или лежиштата на приколката кои нередовно се сервисираат.
    Светлата за приколките традиционално се слаби и неисправни, товарот често пати е лошо прицврстен, поради што возачите знаат да имаат големи проблеми на автопатиштата;
  7. Користењето на клима уредите во возилата во текот на летните денови е неизбежна точка, но се препорачува умерена употреба заради преоптоварување и дефекти на алтернаторот поради постојаното работење на вентилаторот

Кога ќе пристигне на одредената дестинација и подолго не се користи возилото, препорачливо е негово паркирање во сенка и покривање за да се избегнат дефекти на возилото и акумулаторот кој не е отпорен на високи температури и долг период на неподвижност.

Ако возилото не се користи долго време, паркинг сопирачката може да се блокира.