Новиот купе-кросовер треба да биде означен како Q4, и ќе претставува поспортска верзија на Audi Q3

Од лансирањето на првиот Audi SUV, моделот Q7 е поминато нешто повеќе од една деценија, а во межувреме германскиот производител значително ја прошири својата понуда во овој автомобилски сегмент.

По Q7 пристигнаа Q5, Q3 и Q2, а оваа година дебатираше и Q8. Следниот во оваа низа ќе бидат споменатиот Q4, чии фотографии деновиве се појавија на интернет.

Сепак, автомобилот е целосно камуфлиран, така што деталите за екстериерот не се видливи, но по формата на каросеријата сосема е јасно за каков модел станува збор.

Audi Q4 ќе споделува механичка платформа, моторизација и многу други компоненти со поконвенционалниот Q3 модел.

Официјалната премиера на моделот е предвидена за 2019 година, а неговото производство ќе се одвива во Унгарија, во фабриката во Ѓер, каде моментално се произведуваат сегашното семејство на моделот А3, како и Audi TT.