Новиот Audi SQ5 TDI „пука“ од моќ
Во Audi знаат дека добар дел од фановите на брендот воопшто не им е гајле за некои трендови и остануваат лојални на класичните мотори. Овој став особено важи за љубителите на моќните дизел мотори
И покрај Dieselgate аферата која започна од овој концерн, сепак за многумина дизел моторите, особено оние моќните, се уште се незаменливи. А тука Германците дефинитивно има што да кажат, особено кога станува збор за Audi и неговата SQ линија.
Моќните дизел мотори, ако не според друго, во однос на моќта не оставаат многу простор на потенцијалните ривали. SQ5 TDI е најновиот пример.
Кај овој модел тоа значи 3.0-литарски агрегат со 347 КС и 700 Nm, кој во хибридната 48-волтна варијанта, како кај поголемиот SQ7 со електричен компресор, обезбедува навистина врвни перформанси. Токму поради електричната компонента нема турбо дупка, а до 100 km/h стигнува за 5,1 секунди. Притоа заштедува околу 0,7 l / 100 km според експертите на Audi, што би значело декларилан просек од 6,8 l / 100 km.
Како и да, моќниот 7 kW моќен електричен мотор го врти компресорот до 65.000 вртежи во минута.
Треба да се додаде и дека осум брзинскиот менувач е стандарден, исто како и quattro погонот. Вториот испраќа до 70% од вртежниот момент напред, односно до 85% позади, во зависност од условите на подлогата и стилот на возење. А кога автомобилот го носи потписот на Audi Sport, тоа исто така значи и тешка филмска шминка, од стандардни 20-инчни фелни до спортско потпирање и моќни сопирачки.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1ppJThuhngS9BTTrKkpDIvF6g0dRWMteI” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Задоволството на возење на мочниот дизел SUV во компактната понуда секако не е евтино. Во случај на Audi и германскиот пазар, тоа значи 67.750 евра.