Нови детали за електричната лимузина на BMW
BMW откри нови технички спецификации за претстојниот целосно електричен модел
Баварскиот гигант ќе лансира салон i4 на пазарот во 2021 година.
Моделот i4 кој BMW на пазарот ќе го лансира во 2021 година ќе се придвижува со помош електричен мотор кој генерира моќност од 523 КС со автономија од 600 km според новиот WLTP стандард.
Како пример, електричниот SUV iX3 на BMW има автономија од 400 километри, додека компаративните модели на Tesla, Mercedes и Audi имаат автономија од 400 км според WLTP.
Опремен со батериски систем од 80 kWh, BMW i4 до 100 km/h ќе стигнува за околу четири секунди, додека максималната брзина ќе биде над 200 km/h, барем според тврдењата од Минхен.
Во зависност од перформансите и автономијата, i4 ќе биде достапен и со батериски систем со поголем капацитет. Платформата на која ќе се заснова електричниот i4 ќе поддржува капацитет на полнење до 150 kW. Ова ќе овозможи полнење на батеријата до 80% од капацитетот за околу 35 минути, што значи 100 километри автономија со секои шест минути полнење.
BMW i4 е дизајниран да го пополни јазот помеѓу пионерските i3 и i8 модели, како и традиционалните седани од Серија 3 и Серија 5.
BMW досега има продаде повеќе од 300.000 електрични автомобили ширум светот, но дури сега почнува на овој сегмент да му посветува повеќе внимание.