Во информацијата од FIA се вели дека по гласањето, одржано по пост-сезонските тестови во Абу Даби, тимовите едногласно одлучиле да ги користат истите спецификации на гуми од оваа и во следната сезона и со тоа ги отфрлиле гумите кои Pirelli ги предлага за 2020 година

„FIA би сакала да се заблагодари на Pirelli и тимовите за нивната соработка и напорите за подобрување на сегашните гуми. И покрај оваа одлука на тимовите, сите собрани информации ќе бидат многу важни за дизајнирање на гумите за 2021 година и понатаму“.

Новите гуми биле дизајнирани да го подобрат таканаречениот работен прозорец, да се намали прегревањето во валкан воздух и секако помалку да се абат, но според проценката на тимовите гумите користени во штотуку завршената сезона се подобри.

За ваквата одлука да биде целосно валидна, требало да гласаат повеќе од 70% од тимовите, а според информациите во овој случај одлуката била едногласна.