Toyota новата генерација на лимузинската верзија на моделот Corolla ќе ја претстави на саемот за автомобили во кинескиот град Гуангжу кој ќе се одржи во втората половина на ноември

Јапонскиот производител ова го најави со тизер видео како најава за премиерата на најновото издание на својот најпродаван модел во историјата.

Нормално, моделот кој ќе биде прикажан ќе биде наменет за локалниот пазар во Кина, но не се очекува автомобилот визуелно значително да се разликува од оној кој ќе се продава во Европа.

Што се однесува до европската премиера на новата Corolla во седан верзија, истата треба да се одржи во март 2019 година на Саемот за автомобили во Женева.

Toyota Corolla за 2019 година се базира на новата TNGA механичка платформа на јапоснкиот бренд, која треба да овозможи моделот да биде полесен, но исто така и попростран од сеуште актуелниот.

Дизајнот на надворешноста, барем во предниот дел на автомобилот, ќе биде сличен со оној на хечбек и караван верзиите, кои беа претставени претходно оваа година.