Автомобилските пневматици се една од најважните компоненти, па затоа при избор на соодветни гуми за вашето возило, треба да знаете што значат ознаките на нив

Буквите и броевите на автомобилски гуми се многу важни за изборот на соодветните гуми. Токму затоа, производителот на гуми Goodyear подготвил преглед на главните ознаки, нивен опис и она на што возачите треба да обрнат внимание.

1. Димензии.

Еден од најважните податоци за гумите е нивната големина. Се состои од ширина на гумата во милиметри, нејзина висина (изразена во проценти во однос на ширината, која, исто така, се нарекува пресек на гума) и пречник на внатрешниот раб, изразен во инчи. Ова се, исто така, мерки кои производителот на автомобили ги определува при изработка на возилото и кои треба да се почитуваат.

2. ЕУ етикета.

Секоја гума е опремен со т.н. ЕУ налепница со ознака од буквата А (најдобра гума) до G. Налепницата го открива квалитетот на гумата за:

– лежење на мокра подлога (помеѓу ознаките А и G при брзина од 80 km/h, има дури 18 метри разлика во должината на патот на сопирање при кочење),
– степен наискористување на горивото што директно влијае на потрошувачката на гориво (разликата помеѓу класите А и G е околу 7,5%, што, на пример, за поминати 15.000 километри годишно значи годишна заштеда од околу 100 евра)
– надворешна бучава односно емисија на бучава (се изразува во децибели и со црни бранови на симбол на звучник, при што гумите со еден бран се тивки, а оние со три најбучни).

Треба да се напомене дека етикетата на ЕУ за зимски гуми има одреден недостаток поради тоа што не дава информации за ефикасноста на гумите во снег.

3. Носивост и брзина.

Ознаката составена од дво или трицифрен број и буква (на пример, 91H) ни ја покажува носивоста и брзинската класа на гумите. Носивоста се однесува на носивоста на секоја гума (значи во случајот 91, на пример, значи дека секоја гума може да носи 615 килограми, или сите четири вкупно 2.460 килограми). Носивоста на сите гуми заедно не смее да биде помала од максималната носивост на возилото.

Брзинската класа за патнички возила се означува со буквите Q, T, H, V, W и Y или овозможена брзина до 160, 190, 210, 240, 270 и 300 km/h. Постои и категорија ZR која овозможува брзина од над 240 km/h.

4. Ознаката DOT.

Оваа ознака дава информација за датумот на производство на гумата. Оваа ознака од 12 места се состои од три шифри со по четири места. За купувачот најважна е последната шифра. Таа ја покажува неделата (првите две бројки) и годината (вторите две бројки) на изработка на гумите.

Се разбира, поради логистиката на производство и транспорт на гумите не може да се очекува дека секогаш достапни ќе бидат само најнови гуми. Но, тоа и не е проблем, бидејќи стареењето на гумите во складиште, благодарение на новите материјали и адитиви, значително е забавено. Гумите стареат многу побрзо ако се монтирани на возило бидејќи на нив влијаат многу фактори – сонце, температура, механички влијанија од патот…

5. „М+Ѕ“ и „3PMSF“.

Вистинските зимски гуми, покрај ознаката M+S, на страничниот ѕид имаат и ознака со снегулка на алпски врв (англиски акроним 3PMSF), а тоа значи дека биле подложени на строги тестови на снег и лед. Кај нас се дозволени и оние само со ознака „М+Ѕ“, иако другите со дополнителната ознака секако се попрепорачливи

6/7. „XL“ и „SUV“.

Ознаката XL или Extra Load по правило е напишана покрај носивоста на гумата. Означува модел кој има засилена конструкција (првенствено страничните ѕидови на гумата) и поголема носивост. Овие гуми се наменети за употреба на потешки возила. Ознаката XL не треба да се меша со специјалните модели на гуми за SUV модели, кои значително се разликуваат од првите.

8. Индикатор за потрошеност на гумата.

Во профилот на сите понови гуми може да се забележат мали испакнатини. Тие укажуваат на минимално дозволената длабочина на профилот. На пример, зимските гуми на Goodyear, наместо обична испакнатина, во профилот имаат снегулка и кога тоа поради абење на гумата повеќе не се гледа, тогаш гумата веќе не е за употреба. Секоја нова гума има околу 8 до 10 милиметри профил.