Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, е победник на Големата награда на Бразил, претпоследната трка на годинашното првенство во Formula 1

Британецот веќе беше виден како второпласиран во конечниот редослед, но Естебан Окон го запре Макс Верстапен што му овозможи нов триумф на Британецот.

Холанѓанецот возеше одлично, успеа да ги престигне сите конкуренти, а во 40-от круг и тогаш водечкиот Луис Хамилтон. Шампионот во Formula 1 веднаш почна да заостанува зад Верстапен, а младиот Холанѓанец беше имаше отворен пат за остварување на нова победа.

Сепак, кога Верстапен требаше само рутински да го одработи престигнувањето на Естебан Окон, еден од заостанатите болиди, следеше инцидент. Окон наместо да се помести на патеката и да му дозволи на Верстапен да го помине, тој иницира контакт со возачот на Red Bull кој на кратко излета од патеката.

Целата ситуација ја искористи Хамилтон кој успеа да го мине Холанѓанецот и позицијата да ја задржи до крајот на трката, со што Британецот забележа нова победа во шампионатот. Макс Верстапен иако повторно возеше одлично по излетувањето и повторно се приближи до Хамилтон, сепак немаше нова шанса за престигнување и победничко минување низ целната рамнина.

Третото место на подиумот го освои Кими Раиконен, пред четвртиот Даниел Рикардо, петтиот Валери Ботас, додека Себастијан Фетел имаше очајна трка и успеа да стигне само до шестото место. Во бодови завршија и Леклер, Грожан, Магнусен и Перес.

Со новите бодови на Хамилтон и Ботас, Mercedes и дефинитивно на една трка до крајот ја освои петтата по ред конструкторската титула.

Ферстапен физички го нападна Окон по трката

Естебан Окон, кој вози за Force India, направи неспортски потег во трката и директно со своја вина, на Холанѓанецот му одзеде можност за нова победа во претпоследната трка од овогодинешното првенство. Верстапен беше видливо вознемирен и по трката отиде до Окон и физички го нападна, иако треба да се каже дека целата ситуација беше далеку од сериозна. Малку оттурнување, за Макс да се смири на време и за да се избегне голем инцидент.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, поради физичкиот напад врз колегата од Форс Индија, Естебан Окон, по завршувањето на трката за Големата награда на Бразил, во наредните шест месеци ќе мора да одработи два дена општествено корисна работа за ФИА.

2018 Brazilian Grand Prix: Резултати

2018 Brazilian Grand Prix: Race Highlights

2018 Brazilian Grand Prix: Реакции по трката

2018 Formula 1: Генерален пласман ВОЗАЧИ

2018 Formula 1: Генерален пласман ТИМОВИ

Следната, последна сезонска трка се вози на 25-ти ноември за Големата награда на Абу Даби.