Новата генерација на моделот Elantra, Hyundai прво ќе ја лансира во САД

Корејскиот производител со тизер видео ја најави следната генерација на Elantra, која премиерно на интернет ќе биде покажана во вторник на 17-ти март. Силуетата на новиот модел навестува значително различен дизајн на автомобилот во споредба со сегашниот модел односно многу подинамична надворешност.

Погледот во внатрешноста открива патничка кабина во минималистички стил со голем екран од мултимедијалниот систем централно поставен и минимален број физички копчиња. Повеќе детали ќе бидат познати следната недела, по официјалната премиера на новата Elantra.