Германскиот автомобилски гигант ја одреди сумата за годишни бонуси за своите вработени за сработеното во 2019 година

Иако на глобално ниво, автомобилската индустрија доживеа пад во 2019 година, Volkswagen во истиот период успеа да забележи раст на продажбата. Зголемувањето од 2,6% можеби не е импресивно, но сепак е задоволително во време кога многу други производители забележаа „минус“.

Така, на вработените во најголемата европска компанија за автомобили, покрај редовната заработка, на сметка ќе им бидат исплатени дополнителни до 4.950 евра, соопштија од Volkswagen.