![Новата G-класа дебитира на 15-ти јануари](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/01/mercedes-g-class.jpg)
Новата G-класа дебитира на 15-ти јануари
Mercedes го пензионира актуелниот модел и ја најавува премиерата на наследникот
На 15 јануари, германскиот производител официјално ќе ја претстави новата генерација на легендарниот теренец, кој, како што велат од Mercedes, ја има истата ДНК на оригиналната G-класа од 1979 година.
Премиерата е симболично најавена со кратко тизер видео објавено на последниот ден од 2017 година
Mercedes во средината на декември го откри внатрешниот дизајн на новата G-класа, а екстериерот се очекува да го носи препознатливиот печат на ова теренско возило, кое на пазарот е присутно скоро четири децении.
Покрај тоа, производителот најави дека новата G-класа ќе има повеќе простор во салонот во споредба со претходната, а со тоа патниците ќе имаат повеќе простор за колената и во ниво на рамењата. Најважната новина во тој поглед е тоа што оние кои ќе седат на задната клупа ќе имаат дури 150 mm повеќе простор за нозете.
Има гласини дека во погонската гама ќе има место и за новиот 2.9-литарски дизел мотор со 6 цилиндри, додека меѓу бензинските опциите ќе има место и за 4.0-литарски V8.
Се ќе биде познато на средината од јануари.