Судот во Германија одлучи дека Северна Рајна-Вестфалија мора да ги исфрли старите дизел возила од делови од главната национална индустриска зона, вклучувајќи ги и автопатиштата

Забраната се однесува на Гелзенкирхен и Есен, вклучувајќи дел од автопатот А40, кој се наоѓа во регионот Рур, еден од најгусто населените региони во Германија.

Мерките во сила стапуваат следната година, а тие доаѓаат по тужба поднесена од еклошката група DUH. Оваа група повика на забрана за дизел автомобилите во повеќе германски градови, наведувајќи ги како причина се повисоките нивоа на азотни оксиди во воздухот отколку што е законски дозволено.

Скандалите кои ги вклучуваат вистинските нивоа на загадувачки материи од дизел моторите, во последните неколку години нанесоа тежок удар на германската автомобилска индустрија. Правниот застапник на DUH, Ремо Клингер, ја поздравил пресудата, велејќи дека луѓето имаат право да дишат чист воздухот, што државата мора да го гарантира.

Други германски градови кои се соочуваат со законска забрана за дизел возила се Ахен, Берлин, Франкфурт, Штутгарт, Дизелдорф и Мајнц.