Mercedes го претстави новиот W10 F1 болид, дизајниран само за едно нешто, а тоа е да се обезбеди шестата последователна двојна титула во најбрзиот циркус на светот

Тимот од Брекли овозможи прв увид во ревидираниот болид, кој Валтери Ботас и Луис Хамилтон веќе го испробуваат на патеката Силверстоун.

Шефот на тимот, Тото Волф, вели дека новите регулативи за аеродинамиката за 2019 година вршат дополнителен притисок врз неговиот тим кога станува збор за останување на врвот.

„Оваа сезона ќе биде нов предизвик за сите нас“, вели тој. “Правилата се значително променети. Ние мораме сè да работиме од почеток, треба повторно да се докажеме себеси и нашите конкуренти. Ја започнуваме сезоната со нула поени, така што не земаме ништо здраво за готово, и нема апсолутно никакво чувство дека врвот е резервиран за нас. Всушност, со промена на правилата, секој тим има шанса да се најде во борбата за титулата и ги гледаме како потенцијална закана.

Желни сме да излеземе на асфалтот во Барселона, за да видиме каде сме со споредено со нашите сопствени симулации и да видиме дали сето тоа можеме да го материјализираме на патеката. Ќе се фокусираме на себе, ќе градиме перформанси и се надеваме дека ќе бидеме подготвени кога сезоната ќе почне во Мелбурн“.

Иако W10 е прилагоден на новите правила, меѓуоскиното растојание е исто во однос на неговиот претходник.