Светските патишта се „гушат“ во сообраќаен метеж како никогаш досега

Во САД, на пример, возачите загубиле 1.348 долари по глава на жител поради сообраќајниот метеж. Колумбијците од главниот град, Богота, потрошиле 272 часа од животот седејќи во автомобилите во место. Жителите на Даблин трошат приближно исто време возејќи со брзина на пешаците.

Ова се само некои од интересните податоци објавени од компанијата INRIX, специјализирана за анализа на податоците за сообраќајот. Според нивниот извештај, анализата содржи 500 ТВ податоци, собрани од 300 милиони различни извори од 200 градови во 38 земји.

Како резултат на тоа, резултатите се веројатно точни и генерално не се „розеви“.

Во САД, сообраќајно „најзагаден“ град е Бостон, каде што секој возач „во место“ поминал 164 часа. По Бостон следи Вашингтон со 155 часа и Чикаго со 138 часа. Сообраќајно „најзгужваниот“ град во 2017 година, Лос Анџелес, како што стојат работите сега е порастеретен, така што сега е само петти на листата.

„Застојот во сообраќајот ги чини Американците милијарди долари годишно. Овој проблем и понатаму ќе има сериозни последици по националните и локалните економии, бизниси и граѓани, во годините што доаѓаат“, вели Тревор Рид, аналитичар на INRIX. „Ако сакаме за да се избегне негативното влијание на сообраќајниот метеж на економијата, ние мора да инвестираме во интелигентни видови на транспорт“.

Сообраќајниот метеж секако е глобален феномен, но некои региони дефинитивно се одвојуваат. Од осумте најпрометни градови во светот, дури четири се во Јужна Америка: Богота, Мексико Сити, Сао Паоло и Рио де Женеиро.

Следува Европа, со три града, кои се водечки по „губење на време“ во автомобилите: Лондон, Истанбул и Москва. Во првите осум е само еден американски град – Бостон.