Нов тим се поблизу до влез во F1 шампионатот
Monaco F1 Racing Team е со намера за влез во Formula 1 следната сезона
Овој тим беше со намера да се појави во шампионатот веќе оваа година, но поради пандемијата на коронавирус, влезот е пролонгиран за 2022 година, кога стапуваат на сила новите технички правила. Салваторе Гандолфо, кој е на чело на организацијата за вложување од страна на Монако, е со визија дека овој проект ќе донесе сосема нови можности.
„Ние веруваме во неодамнешното соопштение на првиот човек на Formula 1, Стефан Доменикали, кој сугерираше дека е можно да се укине клаузулата за влез од 200 милиони, што покажува придвижување напред. Ние многу го цениме отворениот став на Стефан и FIA и подготвени сме да ги преземеме сите потребни чекори за да ја завршиме нашата апликација“, вели Гандолфо.
Како еден од можните возачи на овој тим се споменува Паскал Верлајн.