Поради зимската облека, безбедносните ремени се поместуваат, не се во оптимална положба и може да предизвикаат повреди и при мала брзина

Ова се вели во студијата на германскиот авто-клуб (ADAC), според која и возрасните и децата не треба да бидат во возила во зимски јакни. Прицврстувањето со безбедносни ремени е обврска и нема сомнение дека ќе спречат сериозни повреди во евентуални сообраќајни несреќи. Меѓутоа, ако не ги соблечете зимските јакни во автомобилот, нивната функционалност е изгубена и се појавува еден голем проблем.

ADAC спровел тест за судир со брзина од 16 km/h, што е просечна вредност кога друго возило ќе удри во задниот крај на возило пред него. Поради зимската облека, безбедносните ремени се поместуваат (тие не се поставени директно до телото), не се во оптимални позиции и со тоа може да предизвикаат повреди и при мала брзина. Долниот дел од половината не е фиксиран во областа на колковите туку малку повисоко и сето ова може да доведе до повреди на црниот дроб, слезината…

Затоа ако е можно, избегнувајте возење со дебели зимски јакни и зацврстете ги безбедносните ремени.