Нов сериозен конкурент на Tesla: започна производството на Polestar 2
Polestar 2 е првиот сериски електричен модел на брендот создаден под капата на Volvo
Polestar 2 дефинитивно е многу конкурентен производ кој изгледа одлично и барем на хартија нуди многу. Моделот ќе се произведува со ЕУ и кинески погони во погонот во местото Лукијао во Кина, сопственост на Geely, но управуван од Volvo.
Првиот човек на Polestar, Томас Ингенлaт, е исклучително горд на ова достигнување:
„Светот се соочува со драстичен пресврт по пандемијата на коронавирусот. Го почнавме производство под овие предизвикувачки околности со силен фокус на здравјето и безбедноста на нашите вработени. Ова е извонредно достигнување и резултат на голем напор на нашиот персонал во фабриката, како и на тимот на добавувачи. Јас сум крајно горд на целиот тим – благодарам“.
Polestar 2 во верзијата наменета за Европа поседува батериски сет од 78 kWh и нуди опсег од 470 километри според протоколот WLTP. Максималната моќност на електричниот погон е 408 КС и 660 Nm, што заедно со погонот на сите четири тркала обезбедува забразување до 100 km/h за 4,7 секунди.