Nissan на тековниот саем за автомобили во Детроит го претстави концептот IMs, со кој буквално се создава нова класа на автомобили наречена „повишен спортски седан“

Идејата е да се комбинира возило со повишен клиренс како кросовер, со традиционалниот седан со четири врати, а сето тоа во електрична верзија.

За ознаката „спортски“ задолжен е електричен мотор кој има 490 КС и вртежен момент од 800 Nm кој се испорачува до двете оски.

Батеријата од 115 kWh би требала, барем според најавата од Nissan, да обезбеди автономија од 615 километри. Што се однесува до самиот изглед на автомобилот, IMѕ има футуристички, но повторно дизајн кој е многу карактеристичен за седаните.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1SaLryaLpftJuwmulFJ93Gp8rHOK9IHah” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Во салонот, покрај стандардната високо-технолошка опрема, во центарот на вниманието е управувачот кој може да се вовлече во контролната табла кога возачот избира режим на автономно возење.