Јужнокорејскиот производител Kia во септември ги изненади сите со објавувањето на новиот SUV предводник Telluride како концепт, за сега  во Детроит да стигне и сериската верзија на овој автомобил

Kia Telluride има осум седишта и воедно е најголемиот автомобил на оваа компанија некогаш направен.

Под капакот на моторот се наоѓа V6 погон односно 3.8-литарски мотор кој развива 291 КС при 6.000 вртежи во минута и 355 Nm вртежен момент при 5.200 вртежи во минута.

Моторот со шест цилиндри е поврзан со предната осовина (погонот на сите четири тркала е опционален) преку осум-брзински автоматски менувач.

Возачот може да избира помеѓу четири стандардни режими на возење – Smart, Eco, Sport и Comfort, заедно со Snow и AWD Lock.

Со активирани опции Eco или Smart, Telluride целата моќ ја пренесува на предната осовина, додека во режимот Comfort или Snow дистрибуцијата е 80-20 помеѓу предниот и задниот погон. Во режимот Sport, соодносот е 65-35, додека во Lock распределба на моќноста е еднаква на двете осовини.

Кога станува збор за безбедноста и асистенција во возењето, тука се системите за мртвиот агол, напуштање на лентата на движење, адаптивна контрола на крстарење, предупредување за фронтален судир, сензор за движење на децата или домашните миленичиња во вториот и третиот ред на седишта, head-up дисплеј …

Во салонот доминира 10,25-инчниот екран на допир од мултимедијалниот систем со Apple и Android Auto CarPlay поддршка и 630 вати Harman Kardon аудио систем со 10 звучници. Ако сакате да го дополните вашиот smartphone, на располагање се шест USB порти и безжичен полнач.

Kia Telluride ќе се произведува во Џорџија, САД, во истиот погон каде што се произведуваат и Sorento и Optima. Продажба почнува следната година, а цените ќе бидат објавени подоцна.