Јапонскиот Nissan во Лос Анџелес ја претстави редизајнираната верзија на својот SUV model Murano

Кросоверот има поагресивна предна маска со триаголни otvori за воздух кои се хромирани. Дизајнерите вметнаle и поизразенa V маска на чии краеви се LED светлата.

Другите стилски промени се ограничени, а во прв план се LED светлата за магла и големите 18-инчни и 20-инчни фелни.

Murano добил и нови нијанси на бои наречени Sunset Drift Chromaflair, Mocha Almond Pearl и Deep Blue Pearl.

Внатрешноста, исто така, е скромно изменета, а промените најдобор се чувствуваат во најдобриот пакет на опрема Platinum, каде што Murano доаѓа со анилински кожни седишта.

Одредени пакети имаат и додатоци за дрво, а во пакетите со повисока опрема влегува NissanConnect мултимедијален систем со напредна навигација со тридимензионална графика и сателитски снимки, како и информации за сообраќајот.

Тука се и бројните безбедносни системи, додека под хаубата се наоѓа 3.5-литарски V6 со 263 КС и 325 Nm, опремен со Xtronic автоматски менувач и опционален погон на четири тркала.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Nissan сè уште не ги објави цените за обновениот Murano кој ќе биде достапен во салоните од декември.

Loading...